Team Yandex, во чиј состав е македонскиот сапорт Saksa (Мартин Саздов), го заврши групниот дел на BLAST SLAM IX како прв во Група A, откако во сабота го совлада Natus Vincere со 2:0 во натпреварот на победниците.
Двете мапи беа долги: првата траеше 73 минути, а втората 63, а Yandex ги освои обете и си обезбеди место во Seeding Matches. Победата дојде еден ден по почетното 2:0 против PlayTime, па Yandex го помина групниот дел без загубена мапа.
Следен предизвик за Yandex е Seeding Match против 1w Team во вторник во 15:00 часот. Се игра Bo3, а победникот директно оди во полуфиналето во горниот дел на турнирот, додека поразениот паѓа во четвртфиналето.
BLAST SLAM IX е турнир од Tier 1 со награден фонд од 750.000 долари. Плејофот, со двоен елиминационен модел, почнува на 26 ноември.