Team Yandex, тимот на македонскиот сапорт Saksa (Мартин Саздов), се пласира во гранд финалето на PARI Universe откако во саботниот плејоф го победи GamerLegion со 2:0.

Со тоа Yandex директно оди во одлучувачката серија, додека GamerLegion мораше да продолжи во борбата во финалето на долниот дел на турнирот против Team Spirit.

Ова е продолжение на одличната серија на Yandex на Tier 1 турнирот со награден фонд од 250.000 долари. Тимот ја заврши групната фаза на првото место во Група A со четири победи од четири серии, а во плејофот го совлада Astra Invicta со 2:1 и PARIVISION со 2:1. Претходниот дуел со GamerLegion во групите исто така заврши 2:0 за Yandex.

Гранд финалето, во формат Bo5, е закажано за недела, 1 ноември, во 14:00 часот. Противникот на Yandex допрва ќе се знае.