Team Yandex остана на чекор од титулата на PARI Universe. Во финалето во серија до три победи (Bo5) во неделата, Team Spirit славеше со 3:0 и го освои турнирот, а Yandex го заврши на второто место.

Македонскиот сапорт Saksa и неговите саиграчи имаа одличен пат до финалето. Групната фаза ја завршија на првото место со 4-0, а во плејофот го совладаа Astra Invicta со 2:1, PARIVISION со 2:1 и GamerLegion со 2:0.

Турнирот од највисока категорија, со награден фонд од 250.000 долари, заврши на 1 ноември. Како финалист, Team Yandex осигури 50.000 долари, а Spirit ја понесе првата награда од 125.000 долари.