Team Yandex, во чиј состав игра македонскиот сапорт Мартин „Saksa“ Саздов, направи уште еден чекор напред на BLAST SLAM IX, совладувајќи го GamerLegion со 2:0 во серијата Bo3 од плејофот во четвртокот.

Победата го задржува Yandex во горниот дел на турнирот со двојна елиминација. Местото таму тимот си го обезбеди со првото место во групата и со победата од 2:1 над 1w Team во натпреварот за сеединг.

Yandex досега не изгуби ниту една серија на турнирот, а во Група A со 2:0 ги совлада и PlayTime и Natus Vincere.

Следниот натпревар на тимот е во сабота во 12:30 часот, а противникот допрва ќе се одреди. Турнирот, со награден фонд од 750.000 долари, завршува на 29 ноември.