PGL ја објави листата на тимови за PGL Cluj-Napoca, турнир со награден фонд од 1.000.000 долари што ќе се игра од 13 до 21 февруари во Романија. Сите 14 тимови од светската VRS ранг-листа ги прифатија поканите.
Меѓу потврдените учесници е Aurora, која е рангирана на петто место, а во нејзиниот состав го наоѓаме македонскиот играч Дамјан „kyxsan“ Стоилковски. Покрај него, во составот се Ismailcan „XANTARES“ Dörtkardeş, Özgür „woxic“ Eker, Jimi „Jimpphat“ Salo и Ali „Wicadia“ Haydar Yalçın.
Во конкуренцијата се и MOUZ и Vitality, кои претходно ја имаат освоено титулата во Cluj-Napoca. FURIA, која следната сезона ќе ја започне без Gabriel „FalleN“ Toledo, исто така ќе учествува, заедно со Spirit, Falcons и Natus Vincere.
Од вкупно 16 места на турнирот, две ќе се доделат преку затворена квалификациска фаза, во која осум тимови ќе се борат за пласман од 15 до 18 ноември. Останатите учесници се BetBoom, FUT, Nemiga, G2, Legacy, 1win и Astralis.