BRUTE го заврши учеството на CCT EU Series #11 во четвртфиналето од плејофот, каде тимот со македонскиот играч aidKiT загуби со 1:2 од INOX Division во сабота во 16:00 часот.

BRUTE одлично започна и ја освои мапата Nuke со 13:3, но INOX Division одговори на следните две мапи. Ја доби Dust II со 13:5, а потоа и Inferno со 13:6 и така ја заokружи серијата.

Со ова BRUTE остана во групата на места од 5 до 8 на турнирот со награден фонд од 25.000 долари. Еден ден претходно тимот до четвртфиналето стигна со победа од 2:1 над BAKS Esports.

Следниот натпревар на BRUTE е во недела во 16:00 часот, кога игра против INFINITE во осмофиналето на NODWIN Clutch Series #13.