BRUTE е на една серија од титулата на NODWIN Clutch Series #13. Во вторник во 10:00 часот тимот го совлада Team Nemesis со 2:0 во плејофот на овој B-Tier турнир во Counter-Strike 2 и обезбеди место во големото финале.

Македонскиот AWP играч Јане „aidKiT“ Апостолоски е дел од составот на BRUTE, кој ја заврши серијата best-of-three без загубена мапа.

BRUTE до плејофот стигна откако ја заврши швајцарската групна фаза со скор 3-1. Следува големото финале против FOKUS, закажано за истиот ден во 16:00 часот.