Team Yandex, со македонскиот играч Saksa (Мартин Саздов) во улога на сапорт, се извлече од пораз и стигна до финалето на BLAST SLAM IX. Во неделата во 11:00 часот тимот го совлада 1w Team со 2:1 во серија од три мапи и го елиминира од плејофот.
Победата дојде еден ден по поразот од Team Liquid со 0:2, по кој Team Yandex заврши во долниот дел на турнирот. Претходно во плејофот го победи GamerLegion со 2:0, а во сидинг-натпреварот на турнирот веќе го совлада истиот противник, 1w Team, со 2:1.
1w Team го завршува турнирот на третото место.
Финалето е Bo5 и се игра истиот ден во 16:20 часот, повторно против Team Liquid. Турнирот со награден фонд од 750.000 долари завршува на 29 ноември.