LEGION ја доби првата победа на PARI Universe во сабота, совладувајќи го Astra Invicta со 2:1 во серија Bo3 и ги задржа шансите за плејофот. Тимот, во кој игра македонскиот мид играч Stojkov, во првите две серии загуби од Team Spirit и PARIVISION.
Со победата LEGION стигна до 1-2 во групата Б и е изедначен со Astra Invicta на третото место. Од петте тима во секоја група, првите четири продолжуваат во плејофот, а остатокот отпаѓа.
Последниот натпревар во групата LEGION го игра против BetBoom Team во понеделник во 18:00 часот. BetBoom досега ги загуби двете серии.
PARI Universe е турнир од Tier 1 со награден фонд од 250.000 долари. Плејофот, што се игра на двоен елиминационен систем, започнува на 28 октомври.