KRÜ Blaze го освои Game Changers Championship откако во гранд финалето во São Paulo го совлада европскиот претставник Gentle Mates GC. Серијата се реши дури на пет мапи.

KRÜ Blaze до титулата стигна преку долниот дел на турнирот, со што му стави крај на непоразената серија на Gentle Mates GC.

Ова е првата титула на Game Changers Championship за LATAM регионот.

KRÜ Blaze е и последниот победник на овој турнир како самостоен настан, бидејќи финалето следната година се преместува во рамките на Champions.