Патот на JiJieHao на DraculaN Season 7 во Букурешт заврши во петокот попладне, откако Eternal Fire ја доби плејоф серијата (Bo3) со 2:1. Со тоа тимот на македонскиот рифлер CacaNito го заврши турнирот на трето место.
Серијата започна во 15:00 часот и стигна до одлучувачка мапа, која ја освои Eternal Fire. JiJieHao на натпреварот дојде по силна серија во плејофот, во која ги совлада FaZe Clan со 2:1 и Nexus Gaming со 2:0, додека претходно загуби од SINNERS Esports со 0:2.
Третото место на B-Tier турнирот со награден фонд од 35.000 долари носи 5.250 долари за JiJieHao. CacaNito и неговите соиграчи m1N1, bibu, 0SAMAS, sinnopsyy и mithR немаат повеќе натпревари на турнирот.
Eternal Fire продолжува кон големото финале, каде во петокот во 20:30 часот ќе игра против SINNERS Esports.