JiJieHao остана во борбата за титулата на DraculaN Season 7. Тимот на македонскиот рифлер CacaNito ја победи BC.Game Esports со 2:0 во полуфиналето на долниот дел од плејофот и се пласира во финалето на долниот дел.

BC.Game Esports го заврши турнирот на четвртото место, а JiJieHao, кој во долниот дел падна по пораз од SINNERS Esports со 0:2 во средата, продолжува да се бори за место во големото финале. Ова беше и втора победа со 2:0 за еден ден, откако претходно го совлада Nexus Gaming.

Следен е Eternal Fire во петок, 23 октомври, во 15:00 часот. Победникот од финалето на долниот дел оди во големото финале против SINNERS Esports. Турнирот се игра офлајн во Nexus Esports Hub во Букурешт.