Froglings направи голем чекор кон место на DreamLeague Season 30, откако во петокот го совлада PuckChamp со 2:0 во четвртфиналето во горниот дел на турнирот DreamLeague D2 S5.

Македонскиот мид Stojkov и неговиот тим ја завршија серијата Bo3 во две мапи, кои траеја нешто под 32, односно 30 минути. Со победата Froglings останува во горниот дел на турнирот, каде што во остатокот од плејофот има дополнителна шанса за грешка.

Froglings во плејофот дојде како второпласиран од Група A, откако групната фаза ја заврши со 6-1 во серии, зад единствено PlayTime.

Следува полуфинале во горниот дел на турнирот во понеделник, 16 ноември, во 14:30 часот. Три тима од турнирот ќе се квалификуваат за DreamLeague Season 30.