Froglings го заврши групниот дел на DreamLeague D2 S5 во одлична форма, со две победи на 11 ноември без изгубена мапа. Тимот, во чиј состав е македонскиот соло мид Игор „Stojkov“ Стојков, заврши втор во Група А.

Навечер, во 20:55 часот, Froglings го совлада Nemiga Gaming со 2:0 во серија до две победи. Претходно, во 18:30 часот, со истиот резултат 2:0 го победи Xipto Esports.

Во групата Froglings забележа шест победи и еден пораз, со мапа-разлика 13-2. Единствениот пораз го доживеа од PlayTime со 1:2 на 9 ноември. PlayTime ја заврши групата без пораз на првото место.

Следува плејофот, каде Froglings на 13 ноември во 15:30 часот го игра PuckChamp.