Froglings го продолжи чистиот старт на DreamLeague D2 S5 и во неделата го победи Potn9ki со 2:0 во групната фаза. Тоа е втора победа во Bo3 серија од два одиграни натпревари, откако во сабота го совлада ZENITH со 2:0.
Stojkov, македонскиот мид во составот на Froglings, и неговите соиграчи првата мапа ја решија за малку под 40 минути, а втората ја завршија за помалку од 25.
Следниот натпревар во групата Froglings го игра во понеделник во 11:00 против Team Synapse, а истиот ден во 14:00 го очекува PlayTime.
Пред тоа, тимот има уште еден натпревар во неделата навечер: во 20:00 игра против Ka4kanarskie cyxariki во Essence III Play-In.