Froglings започна победнички на DreamLeague D2 S5. Со македонскиот соло мид играч Игор „Stojkov“ Стојков во составот, тимот го совлада ZENITH со 2:0 во првото коло од групата А.
Двете мапи завршија во корист на Froglings без поголеми проблеми. Првата траеше околу 33 минути, а втората околу 42, со што тимот дојде до чисти 2:0 во серијата Bo3.
По првиот натпреварувачки ден Froglings е меѓу тимовите без пораз во групата А, со еден освоен натпревар и 2:0 во мапи. ZENITH, пак, засега е без победа.
Froglings повторно игра на 8 ноември во 14:00 часот, кога во второто коло од групата го очекува potn9ki.