Falcons Force доби победнички старт во Група D на EPL Series 10 Play-In, совладувајќи го KUUSAMO.gg со 2:1 во воведниот натпревар во понеделникот. Во составот е и македонскиот рифлер Nucleonz (Матеј Трајковски).
Серијата се реши на три мапи. Falcons Force го освои Mirage со 13:11, ја загуби Inferno со 5:13, а потоа серијата ја заокружи на Ancient, повторно со 13:11.
Со победата, Falcons Force оди во натпреварот на победниците во групата, закажан за петок во 12:30 часот. Противникот допрва ќе се знае. KUUSAMO.gg ќе игра во елиминациски натпревар.
Групата се игра по двоен елиминациски формат со Bo3 натпревари, а првите два тима продолжуваат во Play-In фазата.