FURIA се пласираше во плеј-офот на PGL Masters Bucharest 2026, откако претходно го освои Thunderpick World Championship во Малта. Тимот во група заврши со скор 3-2, а во последниот натпревар го совлада Liquid.

Mareks „YEKINDAR“ Gaļinskis за HLTV изјави дека пласманот во плеј-офот е минимумот за FURIA, но дека би било добро тимот да стигне до финалето или дури да го освои турнирот. Додаде дека конкуренцијата е посилна и дека FURIA била блиску до победа и над Spirit, сметан за фаворит на турнирот.

Според него, тимот игра подобро по победата на Thunderpick, а играчите се поуверени. Како главен проблем го издвои мекиот и неодлучен почеток на мечевите, особено на првата мапа во серии подобар пд три, па затоа тимот сега работи сите заедно да влегуваат подготвени од самиот старт.

YEKINDAR зборуваше и за преполниот распоред. Тимот пред официјалните натпревари често игра по три-четири скримови, бидејќи има многу работи за поправање, а според него играчите се обидуваат повеќе да обрнат внимание на својата физичка и ментална состојба. Загубата од NaVi во групата ја означи како несреќен натпревар.