The MongolZ го елиминираа Legacy од PGL Masters Bucharest 2026 со победа од 2-0 во мапи. Мирaж заврши 13-8, а Inferno исто така 13-8.
Најистакнат кај Монголците беше Garidmagnai „bLitz“ Byambasuren. Тој беше најдобар играч на Mirage со рејтинг од 1.74 за мапата, а на Inferno заврши втор со 1.47.
На Mirage The MongolZ ја започнаа мапата со 7-5 во одбрана, а потоа доминираа во нападот, иако ја изгубија forcebuy рундата во второто полувреме. На Inferno имаа заостаток од 7-8, но во последните рунди го свртеа резултатот и стигнаа до 13-8.
Со ова The MongolZ се пласираа во натпревар за влез во плеј-офот во групата со биланс 2-2, каде веќе се Liquid и Nemiga. Legacy се збогуваат од турнирот со само една победа, откако претходно на Thunderpick World Championship заземаа 5.-6. место.