Team Yandex го заврши групниот дел од PARI Universe со совршен учинок. Во понеделник во 14:00 часот екипата на македонскиот сапорт Saksa го победи Team Liquid со 2:1 во серија Bo3.
Тоа беше четврта победа од четири серии за Yandex во Групата A. Претходно со по 2:0 го совладаа GamerLegion, OG и 1w Team, а во целата група загубија само една мапа, и тоа од Liquid. Така завршија први во табелата со освоени 8 мапи наспроти 1 загубена.
Liquid ја заврши групата на четвртото место со една победа во серија, што сепак е доволно за пласман во плејофот, бидејќи најдобрите четири тима од секоја група продолжуваат натаму.
Плејофот со двојна елиминација на овој турнир од Tier 1, со награден фонд од 250.000 долари, започнува на 28 октомври.