Team Yandex направи уште еден чекор кон плејофот на PARI Universe, откако во сабота го победи OG со 2:0 во групната фаза. Во составот на Yandex настапи македонскиот сапорт Мартин „Saksa“ Саздов.

Ниту еден од гејмовите не беше брз. Првиот траеше 61 минута, а вториот 71, но Yandex двата пати излезе како победник и ја затвори Bo3 серијата без изгубена мапа.

Групната фаза се игра во две групи со по пет тима, секој против секого, а сите серии се Bo3. Првите четири тима продолжуваат во плејофот со двојна елиминација, кој почнува на 28 октомври, а останатите испаѓаат.

Yandex повторно игра во недела против 1w Team, а на 26 октомври во последната серија од групата го очекува Team Liquid.