Team Allied, во чиј состав настапува македонскиот играч GodKid, доживеа втор пораз по ред во групната фаза на EPL Season 41, откако со 0:2 го загубија Bo3 натпреварот против Angry Birds, одигран во 14:00 часот.
Angry Birds ги освоија двете мапи, првата по 33 минути, а втората по 41. Поразот го остава Allied без бодови по два натпревари во Групата А, откако претходно со 0:2 загубија од Zero Tenacity.
Според форматот, првите два тима од секоја група продолжуваат во горниот дел на турнирот во плејофот, а третото и четвртото место одат во долниот дел на турнирот. Allied имаат уште три натпревари во групата.
Следниот е на 20 ноември во 11:00 часот против IC x Insanity. Истата вечер во 20:00 часот играат против 4ikibamboni, а на 22 ноември ја завршуваат групната фаза против Team Spirit Academy.