Плеј-офот на PGL Masters Bucharest 2026 е познат откако Natus Vincere го обезбеди последното место од Swiss стадиумот со уверлива победа над Spirit. Плеј-офот се игра по системот на директна елиминација.
Најголем интерес предизвикува првиот меѓусебен дуел на новите составови на Aurora и MOUZ. Во Aurora игра македонскиот плеј Дамјан „kyxsan“ Стоилковски. Двата тима моментално се во светскиот топ пет по серија добри настапи со обновените состави оваа сезона.
На истата страна на шемата се BETBOOM и FURIA, кои повторно ќе се сретнат по гранд финалето од пет мапи на Thunderpick World Championship. На другата страна е изненадувањето на турнирот, Nemiga, што игра против FUT.
Уште еден реванш е Vitality – Natus Vincere. NAVI бара одмазда откако во групната фаза претрпе тежок пораз од Vitality.
Четвртфиналињата се играат денес по следниот редослед: FUT – Nemiga, Vitality – Natus Vincere, Aurora – MOUZ и BETBOOM – FURIA.