Патот на ILLYRIANS на European Pro League Series 10 Play-In заврши пред воопшто да започне. Тимот, во чиј состав е македонскиот рифлер VAloN (Valon Etemi), го предаде воведниот натпревар од Групата C против eSuba и се повлече од турнирот.
Серијата во формат Bo3, закажана за неделата во 12:30 часот, е запишана како пораз со 0:1, без одиграна мапа. eSuba ја доби серијата и заедно со MOUZ NXT е на врвот на Групата C.
ILLYRIANS во табелата на групата се водат како дисквалификувани, со два пораза. Елиминацискиот натпревар против Vexar на 29 октомври исто така е запишан како предавање, па тимот нема да продолжи во квалификациите.
Play-In е онлајн квалификационен турнир од втора категорија со 16 тимови во четири групи во GSL формат. Првите два тима од секоја група продолжуваат во Play-In фазата со единечна елиминација.