ILLYRIANS ги задржа шансите за пласман во плејофот, откако на понеделник го совлада HAVU со 2:0 во четвртото коло на CCT EU 2026 Series #12. Натпреварот во 16:00 часот беше кој-победи-оди-понатаму: во долниот дел од колото, поразениот отпаѓаше.

Македонскиот рифлер VAloN и неговиот тим на мечот дојдоа со скор 1:2, откако претходно загубија од Team ACES и BAKS Esports. Единствената победа дотогаш им беше против 6yuBoJlbl во првото коло.

Со овој резултат ILLYRIANS стигна до скор 2-2 и продолжува кон петтото коло од групната фаза што се игра по швајцарски систем, од каде осумте најдобри од 16 тимови одат во плејофот. HAVU ја завршува групната фаза со скор 1-3 и отпадна од турнирот.

Турнирот од B-Tier категоријата, со награден фонд од 25.000 долари, трае до 1 ноември.