Првиот ден од IEM Beijing 2026 заврши со победа на NAVI над Falcons со 2-0 во последната серија од првото коло. Главните натпревари се играа пред публика на сцена од 360 степени.
Во групата B, Aurora во составот со Дамјан „kyxsan“ Стоилковски загуби со 0-2 од Liquid. Следно, Aurora ќе игра против G2 во првото коло на елиминациските натпревари во долниот дел на турнирот. G2 во првото коло загуби од PARIVISION со 2-1.
Во другата серија од долниот дел на групата B ќе се sретнат TYLOO и 9z, откако првиот загуби од MOUZ со 2-0, а вториот од BETBOOM со 2-1.
Во групата A, FURIA го победи FaZe со 2-1, HEROIC го совлада B8 со 2-0, а The MongolZ го совлада Legacy со 2-1. Falcons и FaZe ќе играат меѓусебно во првото коло на елиминациските натпревари.
Во натпреварот NAVI - Falcons, мапата Ancient заврши 13-5, а Ihor „w0nderful“ Zhdanov имаше рејтинг од 2.24, најдобар за него оваа година. Mirage беше изедначена и заврши 13-11 за NAVI.