Falcons Force ја пропушти шансата за директен пат нas излез од Група B на CCT EU 2026 Play-In #13, откако во петокот навечер го загуби натпреварот на победниците од Team Spirit Academy со 0:2.

Spirit Academy го освои Dust II со 13:10, а потоа и Mirage со 13:5, па серијата заврши по две мапи. За Falcons Force настапи македонскиот рифлер Nucleonz (Matej Trajkoski).

Поразот го праќа Falcons Force на decider, каде во понеделник, 2 ноември, во 13:00 часот го очекува megoshort. Победникот од таа серија останува во турнирот, а поразениот испаѓа.