Falcons Force направи голем чекор на EPL Series 10 Play-In, совладувајќи го danskiот Invicta со 2:0 во победничката средба од Група D, во петокот во 12:30 часот. Со победата тимот, во чиј состав е македонскиот рифлер Nucleonz, остана непоразен во групата и се пласираше во Play-In фазата.
Falcons Force ја освои првата мапа, Dust II, со 13:9, а потоа доминираше на Inferno и ја доби со 13:1, со што серијата заврши без потреба од трета мапа.
Тоа беше втора победа на тимот во групата. Falcons Force го отвори турнирот на 26 октомври со победа од 2:1 над KUUSAMO.gg.
Invicta сега оди на одлучувачки натпревар против DONSTU Esports на 31 октомври во 12:30 часот, во кој се игра за место во следната фаза.