Esports World Cup потврди дека VALORANT ќе биде дел од турнирот во 2027 година.

Со тоа тактичката пукачка игра на Riot Games го обезбеди своето место меѓу дисциплините на следното издание на големиот еспорт фестивал.

Потврдата е добра вест за заедницата на VALORANT, која уште еднаш ќе има можност да ги следи најдобрите тимови на сцената на Esports World Cup.