BRUTE го помина четвртфиналето на NODWIN Clutch Series #13. Тимот, во чийшто состав е македонскиот AWP играч aidKiT (Јане Апостолоски), во понеделник во 16:00 часот го совлада Metizport со 2:0 и го продолжи патот во плејофот.
Чистата победа во серијата до две мапи следи по солидната групна фаза, во која BRUTE заврши со три победи и еден пораз. По поразот во првото коло од mellren со 1:2, тимот се врати со победи против Walczaki (по предавање), 33 и ex-6666 Esports, при што последните две беа со 2:0.
Онлајн турнирот, во организација на NODWIN Gaming, има награден фонд од 30.000 американски долари и спаѓа во B-Tier категорија. Големото финале е закажано за 27 октомври.